ДЕЛФИН софтвер

Делфин Софтвер е софтверско решение создадено да одговори на потребите на секоја современа компанија.

ДЕЛФИН софтвер

Најдоброто за вас и вашата компанија
Делфин Софтвер е софтверско решение создадено да одговори на потребите на секоја современа компанија. Идејата за овој софтвер континуирано се развиваше.

Претходното искуство со развивање специјализирани софтвери наменети за фирми како од областа за производството така и од областа на трговијата, како и развивање софтвер за пресметка на плати, доведе до идеја за поврзување на овие софтвери, во едно софтверско решение проширено и со мобилна продажба.

Сите контакти кои ги имавме со лица кои се директно инволвирани во работата како во производствениот така и во услужниот сектор, доведоа до создавање софтвер, која ќе ги содржи сите информации кои им се потребни во секое време, ќе им дава увид во работењето и резултатите од истото, како и увид на евиденција на секојдневните тековни работи и извештаи за истите.

Нашиот интерес е да користењето и користа од овој софтвер биде на долг рок, редовно следејки ги промените во законската регулатива и прилагодувајќи го софтверот на новите услови, желби и потреби на нашите корисници.

Делфин Софтвер е прилагоден за користење од страна на повеќе компјутери во една фирма, односно за мрежно поврзување и користење на софтверот како и за време на работењето и евиденција на голем број фирми, кое е многу значајно за книговодствени бироа.

Ефикасноста на овој софтвер секојдневно ги задоволува потребите на фирмите од повеќе области, како што се претпријатија кои се занимаваат со продажба на големо (магацини, складишта) и мало (продавници, супермаркети), книговодствени бироа, услужни претпријатија, занаетчии, дистрибутивни ланци, производствени погони итн.


Делфин Софтвер ги содржи следните модули:

  • модул за продажба од каса (издавање фискална сметка);
  • модул за материјално работење;
  • модул за пресметка на бруто плата;
  • модул за мобилна продажба;
  • модул за финансово работење;

Превземи Упатство



Приказ на дел од формите во Делфин софтвер

Артикли

Артикли


Партнери

Партнери


Прием на роба

Прием на роба


ПЛТ

ПЛТ


Фактура

Фактура


Каса

Каса


Фискален уред

Фискален уред


Увоз

Увоз


Работен налог

Работен налог


Картица на артикли

Картица на артикли


Картица на партнери

Картица на партнери


Автоматско книжење

Автоматско книжење


Налози

Налози


Синтетика

Синтетика


Аналитика

Аналитика


Биланси

Биланси