За Нас
Нинекс e основана 2002, ориентирана за подршка на претпријатијата кои имаат потреба од компјутери, периферни уреди приклучени на компјутери, софтверски решенија во своето секојдневно работење, потреба од фискална апаратура и пос опрема за полесно и правилно функционирање на продавници и маркети.
Нашиот раст е непосредно поврзан со квалитативниот и квантитативниот раст на нашите деловни партнери и други соработници. Оттаму и нашата посветеност кон нив и нивните потреби, за да го споделиме успехот заедно.
Довербата на нашите потрошувачи не може да се стекне преку ноќ, а лесно може да се изгуби. За таа цел работиме секојдневно, да бидеме што е можно побрзо и поблизу до нашите потрошувачи и деловни партнери, отворени за секаков вид на соработка.